МИЦКОСКИ МОЖЕ ДА СЕ СРЕТНЕ СО БЕТМЕН, КОЦЕ КАБАНА И ЈЕЛЕНА ЖУГИЌ, А ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ВЕЌЕ ИМАШЕ СРЕДБА И СО АМЕРИКАНСКИОТ ЗАМЕНИК СЕКРЕТАР РИКЕР: КАКО ЗЕМЈА-ЧЛЕНКА НА НАТО СМЕ КРЕДИБИЛЕН ПАРТНЕР НА САД

0
909
“Северна Македонија и САД уште еднаш ја потврдуваат заедничката определба за уште поголемо сојузништво и соработка, со длабока почит и уважување за нашите заеднички интереси за просперитет на Северна Македонија и Западен Балкан.
Сакам да изразам благодарност за постојаната, отворена и искрена поддршка на САД за нашите аспирации колку што може поскоро да ги започнеме преговорите за членство со ЕУ. Ја имаме поддршката на САД во овој поглед и таа има огромна важност. Сега повеќе од кога било, едногласни сме дека унапредувањето на регионалната соработка е неминовна за европеизацијата на Балканот, а таа пак е таа е суштински дел од нашиот пат до членство во ЕУ.
Уште во првата година од членството во НАТО, Северна Македонија докажа дека е активна членка на Алијансата и ги дели заедничките вредности на сите сојузници. Потврдено ни е дека сме кредибилен сојузник со значителен удел во напорите на НАТО за мир и безбедност и во регионот и глобално.
Отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ останува наш највисок стратешки приоритет, а ја користам оваа прилика уште еднаш да го потенцирам она што верувам е јасно и за Брисел, дека билатералните прашања немаат место на преговарачката маса, став за кој недвосмислено се согласивме со Помошникот државен секретар, Филип Рикер. Благодарност до Филип Рикер и до високите претставници на Стејт Департментот на САД кои со своето учество дадоа дополнителни вредности на #PrespaForumDialogue.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ