МИЦКОСКИ ГО ИМА ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ, НЕМА РЕЗОН ДА ОРГАНИЗИРА СМЕШНИ ПРОТЕСТИ, ЗАЕВ: СО БУГАРИЈА РАЗГОВАРАМЕ ЗА СОРАБОТКА ПО СЕКТОРИ, НЕМА НИШТО НАДВОР ОД ТОА

0
765

“Со Бугарија разговараме за патоказот, при што се водат разговори на секторско ниво за изградба на железниците, патиштата, Коридорот 8 и конекцијата меѓу двете земји, соработката помеѓу министерствата за култура, за образовани и наука, за труд и социјална политика и за здравство, како и помеѓу агенциите за млади и спорт и националните радиодифузни сервиси” – изјави премиерот Зоран Заев.

“Тоа е патоказот за кој се разговара. Јас верувам ако се усвои, дефинитивно ќе биде потврден на меѓувладина конференција која што ја водат двајцата министри за надворешни работи. Сето друго се разговара под раководство на португалското претседателство. Фокусот е реално таму заради тоа што Европа е исправена пред можноста да носи одлука на 22 јуни” – додаде Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција на која беа презентирани одлуките од денешната владина седница.

Тој потенцираше дека предлогот на Португалија, која е актуелен претседавач со ЕУ, за надминување на разликите со Софија е доставен и до Владата и до бугарската страна, како и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.