МИЦКОСКИ Е ПРИНУДЕН ДА ПРАВИ КОАЛИЦИЈА СО ТИЕ ШТО НАЈМНОГУ ГИ МРАЗИ, СДСМ: МИЦКОСКИ, СЕЛА И ГАШИ ПРАВАТ “ОД НЕМАЈ КАДЕ” КОАЛИЦИЈА ОДНАПРЕД ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ И ПОРАЗ

0
944

СДСМ ја има коалицијата која убедливо ќе победи на локалните избори по сите критериуми и параметри бидејќи СДСМ гради коалиции врз основа на јасна, конкретна и остварлива понуда.

Новата коалиција на Мицкоски, Села и Гаши е “од немај каде” коалиција која е однапред осудена на пропаст и пораз.

Соочен со седмиот по ред пораз од народот, Мицкоски е до толку уплашен што промовира коалиција со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ “не го признаваат македонскиот идентитет” и со истиот Села на кој неговите од ВМРО-ДПМНЕ насилно го влечеа во Собранието и му нанесоа крвави животозагрозувачки повреди на 27 април.

Им кажа ли Мицкоски на Села и Гаши дека сака поништување на Договорот од Преспа?

Им соошти ли дека е против Законот за јазици?

Им раскажа ли што бараше во Собранието на 27-ми април?

Мицкоски е политичар без став, принуден да прави коалиции со оние кои најмногу ги мрази и тој, а и неговото тврдо партиско членство.

Однапред се поразени и осудени на пропаст тие што од немај каде наутро скандираат “Чиста Македонија”, а попладне лажно се оградуваат за 27 април.

Политичари без став се поразени политичари, а Мицкоски е репрезент на оваа карактеристична група.

-СООПШТЕНИЕ НА СДСМ