МЕРКИТЕ НА ФИЛИПЧЕ И ВАКЦИНАЦИЈАТА ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ: ПРИЈАТЕЛСКА ГЕРМАНИЈА ЈА ТРГНА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОД ЛИСТАТА НА ОПАСНИ ЗЕМЈИ СО КОРОНА

0
222

Денес пријателска Германија ја отстрани Северна Македонија како и другите земји од Западен Балкан, од црвената листа на земји во ризик за патувања поради корона вирусот. Поради намалувањето на бројот на нови случаи на инфекции со коронавирус, Институтот Роберт Кох (РКИ) отстрани неколку земји од списокот на ризични земји, вклучувајќи ги Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар.

Покрај Северна Македонија, од Западен Балкан се симнати од црвената листа Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора кои повеќе не се третираат како ризични земји. Отстранувањето од списокот на ризични земји го олеснува патувањето во Германија, односно ги отстранува сите епидемиолошки пречки. Одлуката стапува во сила од недела.