МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ, ФИЛИПЧЕ: ОД ЈУНИ ЌЕ ИМА ЦЕЛОСНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ

0
704

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека од јуни годинава, сите приватни специјализанти ќе добијат целосно здравствено осигурување со што ќе се реши досегашниот проблем на оваа категорија млади лекари.

“Сите приватни специјализанти кои досега немале здравствено осигурување, односно не биле пријавени во друга приватна здравствена установа, а добивале надоместок за работа како приватни специјализанти, од месец јуни ќе добиваат дополнителна сума на средства со што ќе биде покриен трошокот за здравствено осигурување. Тоа значи дека добиваат навистина тоа што треба да добијат, а тоа е целосно здравствено осигурување” – изјави Филипче.

Уште едно барање кое се исполнува е да им бидат платени сите дежурства кои ги прават како специјализанти во институциите каде специјализираат во рамки на нивната едукација.

“Сумата за дежурства од 1800 до 3600 денари, во зависност од тоа дали се дежура во нормален работен ден или за време на викенд или за празник, со што вкупната дополнителна сума која ја добиваат на веќе постоечките 30 000 бруто во одреден момент може да достигне и до 50% повеќе од тоа што сега го добиваат” – изјави министерот.Филипче.