Meizu MX5 – врвен телефон со неверојатна цена

0
631

Еден од најпопуларните кинески производители, го лансираше најновиот модел од високата класа, кој има извонредни карактеристики и многу пониска цена од онаа на етаблираните конкуренти.

Се работи за 5,5 инчен паметен телефон, со AMOLED дисплеј со резолуција од 1920х1080 пиксели. Ова значи дека не е на нивото на најдобрите Android уреди, но според надворешниот дизајн, кој е спој на постарите и поновите iPhone-и, целта на MX5 е да се натпреварува со 6 Plus, телефон кој има иста резолуција.

meizu-mx5-2

Телото е инаку целосно изработено од алуминиум и е многу тенко, со само 7,6 милиметри дебелина, што треба да оддаде чувство на луксуз и квалитет.

Како и кај моделот на Apple и во MX5 е достапен читач на отпечатоци за прсти, кој е исто така вграден во “Home” хардверското копче. Кинезите велат дека самиот скенер е од новата генерација и има исклучително добро распознавање на отпечатоците.

Сличностите со iPhone 6 Plus не застануваат тука – иако работи на Android, Meizu MX5 има надворешен Flyme OS 4.5 скин, кој неодоливо потсетува на iOS оперативниот систем. За самиот оперативен систем, Кинезите ветуваат дека е оптимизиран за уредот и дека ќе работи многу мазно и брзо.

meizu-mx5-3

Во внатрешноста работи најмоќниот MediaTek процесор, Helio X10, кој има осум Cortex A53 јадра кои работат на 2,2 GHz. Процесорот го помага моќната Power VR 6200 графика, како и 3 GB рам меморија.

Достапни ќе бидат три верзии, со капацитет за складирање на податоците од 16, 32 и 64 GB. Сите од нив се опремени со новите, побрзи eMMC 5.0 дискови. Телефонот е опремен и со прилично голема батерија со капацитет од 3150 mAh, веројатно доволна за два дена користење, а има и можност за брзо полнење, односно до 60% за само 40 минути.

Од Meizu ветуваат и одлични фотографии – задната камера има 20.7 мегапиксели, со леќа со прилично брза бленда од f2.2 за подобри фотографии навечер и плиток фокус при макро фотографирање. Камерата може да снима и Ultra HD видео, како и “Slow Motion” видео со 720p резолуција и 100 фрејмови по секунда. Предната камера пак има 5 мегапиксели и f2.0 бленда.

meizu-mx5-1

И покрај тоа што во многу делови потсетува на iPhone 6 Plus, Meizu овој пат лансираше исклучително конкурентен телефон, со високи перформанси, квалитетен екран и одлични камери и напред и назад и сето тоа вклопено во квалитетно, метално тело.

А цената? Само 290 долари за моделот со капацитет од 16 GB, што е повеќе од половина помалку од цената на конкурентите од високата класа, кои чинат и преку 650 долари. Уште сега може да се каже, MX5 е апсолутен победник во категоријата вложено – добиено.

Извор : ЗаЗабава