МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА: ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ХОТЕЛИ КОИ ЌЕ ПРИМААТ ВАУЧЕРИ ЗА ТУРИЗАМ ОД РАБОТНИЦИ СО НИСКИ ПРИХОДИ

0
257

Министерството за економија го објави Јавниот повик за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12 000 денари.
Основна цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во Република Северна Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа
Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели) кои се лиценцирани и се во туристичките центри во Република Северна Македонија и туристичките агенции со А лиценца.
За пријавување на интерес, угостителските објекти за сместување (хотели) и туристички агенции со лиценца А до Министерството за економија треба да достават пополнет образец за барање за пријавување на интерес (готов формулар).
По пријавување на угостителските објекти и туристичките агенции, Министерството за економија ќе објави и јавен повик за сите лица кои сакат да добијат ваучер за туризам во вредност од 12 000 денари.