МАКЕДОНЦИТЕ ВАКЦИНИРАНИ ВО СРБИЈА ЌЕ ДОБИЈАТ ЗЕЛЕН ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ

0
833

Околу 15 000 македонски државјани кои се вакцинираа против Ковид-19 во Србија, ќе можат да добијат српски зелен дигитален сертификат.

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за ИТ и е-управа, Михајло Јовановиќ изјави дека пуштањето во работа на новата електронска услуга на порталот е-управа им овозможува и на странски државјани да се регистрираат, да станат е-граѓани на Србија и на тој начин да добијат зелен дигитален сертификат за извршена вакцинација.

“Со регистрација на порталот е-управа, странските државјани можат да ја користат услугата за издавање на зелен дигитален сертификат, но постои разлика помеѓу оние што имаат единствен број и оние кои немаа” – изјави Јовановиќ.

Услугата е обезбедена за двете групи, но доколку сè уште имаат проблем, треба да контактираат со канцеларијата за ИТ и е-Управа и оттаму ќе им испратат сертификат по електронска пошта.