Mуабетот ми е ич, ама ич, не ми е жал за вас!

0
582

Пошо нели…Цел ден ве думам, бе, жени. Госпожи. Се прашувам. Ве замислувам.

Како, од каде и зошто се кљанкавте со тоа автобусите до метрополава. Дали појадувавте пред пат? Дали имавте што? Колку долго го осмислувавте аутфитот, пошо нели, дрес код, ко шо ви кажаЈа “oд горе”…(верувам, полесно ќе ви беше, као порано маички, капчиња и готово, али тоа е, голем настанов, башка ваш ден, побитен од 8ми Март) Возбудени ли бевте кога влегувавте во салата? Ви олесна ли кога разбравте дека лидерот сепак ќе ви се обрати, пошо нели, неизвесно беше…лол Шо си праевте муабет по пат? Зборевте против нас, комуњариве, или сепак се одлучивте за нешто очебијно, болно поприсутно во вашите животи, т.е. успесите, резултатите, проектите на вашата партија од изминативе едвај, едвај 10 годинки? Ве прозиваа ли, по списку, пошо нели своеволно тргнавте? И зашо, побогу немало сендвичи?

Многу ли ви студеше? Кој предложи да се протестира на Бихачка? Ај, кажете, не кажуем на никој, жими све! Шо си рековте коа ја чувте идејата? Леле, супер, журка!

Или – Леле, кој че цапа дури до таму, пошо нели Скопје е најголемиот град што сте го посетиле или не? И зашо се откажавте? Миле мој, беше? Ко да не го видов… Која у партија ви е role model, пошо нели, мора да се има компас како треба! Некоја од моите колешки или некоја рендом од ОК, или самиот лидер?

Do you find him attractive, пошо нели, он маж, вие жени. Небитно. Еј, а ги слушавте бомбите? Гарант!

Ај, да не се лажеме! Љубопитни сте, пошо нели, жени ко жени, све да знаат. Може не сите сте ги чуле сите, али барем еден дел од вас сте си го пружиле тоа задоволство… И, како? Па, убаво! Нормално, пошо нели, вистина (секако – лепена, креирана, монтирана, али ипак вистина), па и да подболуе не е страшно, нели?

Се зезам.

Гадно ви беше, знам. Ем гладни, ем измрзнати, ем преморени, ем со нагон за повраќање на празен желудник… Језиво, језиво!

Језив ви е и стравот, за кој никако не ми е јасно како ви го наметнуваат! Једном за свагда или си примате редовни дози наместо дневници, да речеме…Апгрејд на стравот! Бррррр… Ај, да не го тупам ко лидерот ви!

Драги мои госпожи,муабетот ми е ич, ама ич, не ми е жал за вас!

Зашо? Па, затоа шо вашиот страв не ви пресудуе само на вас, туку и мене! Ничим изазвано, јас патам ради вашиот страв!
И затоа, драги мои госпожи, че се гини!
Јас храбро, а вие у себе, како што и живеете, тивко и срамно!
Че се гини, госпожи, пошо нели, патриотизам!
Да живее Македонија!

Ирена Ристиќ
фејсбук статус