Thursday, July 10, 2025
17.8 C
Skopje

MИЦКОСКИ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК : ИМАМЕ РЕАЛНА СЛИКА ЗА СОСТОЈБИТЕ, ГРАЃАНИТЕ ЖИВЕАТ ТЕШКО

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во извештајот на ЕК имаме реална слика за состојбите, граѓаните живеат тешко, а борбата против корупцијата е клучна.

Рече дека мора човек реално да пристапи на работите и реално да разговара за заедничките предизвици кои ни престојат како држава.

  • „Нема да кажувам дека со само два месеци кои се опфатени во извештајот дека сме направиле чуда. И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко и дека ни се потребни крупни чекори напред, клучни реформи и она што можеби за мене претставува клучен приоритет а тоа е борбата против корупцијата. Сепак е добро кога ќе се добие и квантификација и една реална слика за состојбите.

    Со извештајот добиваме една реална, објективна слика за состојбите  за целокупната подготвеност на земјата во достигнувањето на европските правила и стандарди, како и за тоа што било направено во текот на изминатата година. Детектиран е добар или одреден напредок во некои области, но и ограничен или недоволен односно нема никаков напредок во повеќе други области и теми од Европското законодавство и стандарди.

    Она што ме охрабрува е што и во овој кус период на новата Влада, Европската комисија ги препознава напорите за борбата против корупцијата, нешто што не беше случај во минатиот извештај. Како и претходните години, најголемите слабости повторно се детектираат се однесуваат на кластерот 1 – темели, односно на деловите поврзани со правосудството, реформа на јавната администрација“, вели Мицкоски.

Додаде дека немаме време за губење.

„Нема отстапување од реформите, бидејќи тоа е единствениот начин за да го подобриме животот на нашите граѓани и да го зајакнеме македонското досие на патот кон членство во ЕУ. Не само заради технократско исполнување на условите, туку заради суштествено помрднување напред и европска трансформација во вистинска смисла на зборот. Тоа е наша обврска за обезбедување подобра сегашност на сите нас и подобра иднина за следните генерации. И сосема на крај знам дека граѓаните се уморни од целиот процес, и дека неоправдано сме во чекалницата, но единствената одржлива и стратешка цел за иднината на сите останува членството во Европската Унија“, вели Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ