ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: ГО УНАПРЕДУВАМЕ СТАТУСОТ НА РАБОТНИЦИТЕ И ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД

0
743
“Честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот!
🚩 Токму работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија, двигател на општествениот развој.
👉🏻 Во годините во кои ја предводиме Владата, како одговорна социјалдемократска партија презедовме низа чекори за унапредување на статусот на работниците и нивниот животен стандард
✅ Ја зголемивме минималната плата од 9000 на 15200 денари и ја израмнивме за сите стопански гранки за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија, повеќе да не бидат дискриминирани во однос на останатите дејности.
📈 Преку економските мерки во време на пандемија успеавме да сочуваме повеќе од 100.000 работни места, а преку субвенционирањето на придонесите на фирмите, за зголемувањето на платите на работниците, 200.000 работници добија поголеми плати.
📢 Платите растат во сите сектори, а истовремено го подигнавме нивото на социјалниот дијалог со синдикатите, работниците и стопанствениците.
Социјалната правда и унапредувањето на работничките права за нас остануваат врвен приоритет.”
-ФБ СТАТУС НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ