ЛИДЕРОТ НА АЛБАНСКИТЕ ДЕМОКРАТИ, БАША ДОБИ ПОДДРШКА ОД ЗАПАДНИТЕ ЗЕМЈИ ПО СУДИРОТ СО САЛИ БЕРИША

0
731

По вчерашната тензична ситуација поради насилното влегување во седиштето на опозициската Демократска партија од екс лидерот Сали Бериша и неговите приврзаници, денес актуелниот лидер Љуљзим Баша имаше средба со 6 странски амбасадори.

На средбата присуствуваа амбасадорите на САД, Германија, Италија, Франција, Велика Британија и ЕУ.
По средбата, амбасадорите не дадоа изјава, но нивната средба со Баша дава јасна поддршка за него.

“Денешната средба со амбасадорите беше за вчера, за денес и за утре” – рече Баша.

Расколот во опозицијата кулминираше вчера попладне кога Бериша насилно влезе во седиштето на опозициската Демократска партија.

Недоразбирањата меѓу актуелниот лидер Баша и екс лидерот Бериша се појавија кога Баша го исклучи Бериша од пратеничката група по барање на американската амбасадорка Јури Ким.