LG G4 ќе биде првиот телефон што ќе добие Android 6.0 Marshmallow

0
623

g4-fb

Една од најголемите предности на уредите кои што го носат Nexus името е редовните надградби за кои што корисниците не треба да чекаат повеќе месеци. Овие уреди, кои што работат на основната верзија од Android, онака како што Google ја има замислено, се првите кои што ја добиваат ново достапната верзија од оперативниот систем.

За разлика од нив, корисниците на уредите на некој од другите производители, обично чекаат повеќе месеци за да добијат било каква информација за тоа дали ќе можат да очекуваат надградба. Корисниците покажаа дека тоа не им се допаѓа, па доста од производителите почнаа да ја менуваат својата политика.

Исто како минатата година, LG ќе биде меѓу првите производители кои што ќе ја пуштат новата, во овој случај 6.0 Marshmallow, верзија од Android.

Како и минатата година, надградбата ќе биде пуштена прво за најновиот модел од компанијата, а тоа е LG G4, а исто како и минатата година, прво ќе ја добијат корисниците од Полска.

Во известувањето објавено од страна на LG стои дека останатите корисници можат да ја очекуваат надградбата наскоро, без да појаснат кога точно тоа би можело да се очекува. Меѓутоа, кога веќе одредени корисници ја добиваат, тоа значи дека надградбата е спремна, па истата може да се очекува и за останатите корисници оваа година.