Saturday, December 14, 2024
1.8 C
Skopje

ЛЕВИЦА ЌЕ ГО САБОТИРА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО БИДЕЈЌИ НЕМА НИКАКОВ ПАРТИСКИ ИНТЕРЕС, АПАСИЕВ ОБВИНИ: ЦЕЛТА НА ЗАКОНОТ Е НА ЛУЃЕ СО КОСОВСКО ДРЖАВЈАНСТВО ДА ИМ СЕ ДАДЕ И МАКЕДОНСКО

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев се јави со реакција на денешната изјава на премиерот, Зоран Заев кој што не ги знае аргументите поради кои партијата најавува блокади за Законот за државјанство.

Пратеникот Апасиев почна да обвинува уште пред да влезе предлог-законот во собраниска процедура. Како најголема пречка посочи дека наводно тој закон би се однесувал за лица со косовско државјанство и така ќе се променел етничкиот состав на населението во Македонија. Потоа додаде дека наводно овој закон би бил спротивен на европската конвенција за државјанство и дека не се бара ефективна врска со државата која што треба да го издаде државјанството. Дополнително ја засилува ксенофобијата со тоа што е убеден дека воопшто нема да се бара познавање на македонски јазик. Ако навистина некој живеел во Македонија и пред 1990 година, невозможно е да не го познава воопшто македонскиот јазик.

Исто така, Апасиев обвини дека од ниедно лице нема да се бара извор на егзистенција. Треба да се знае дека овие лица и досега немале легален извор на егзистенција што со години придонесувало да бидат сегрегирани место интегрирани во локални рамки.

Единствен мотив за Апасиев да пропагира блокада е тоа што се плаши од попис, се обидува да го спинува сето тоа и да фрли црна дамка на целиот процес за добивање релевантни податоци од терен.

 

ОВАА НЕДЕЛА

ПЕТРУШЕВСКИ : АРТАН ГРУБИ И СДС ПРАВЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДСТВОТО. СЕ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ ПО ДИКТАТ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Артан...

КУРТИ ОД ЗАГРЕБ : СРБИЈА НЕ Е ДЕМОКРАТСКА, ТУКУ ПАРАВОЕНА ДРЖАВА

Повтори дека Србија стои зад нападот на каналот Ибар-Лепенац....

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ