ЛДП ЌЕ НАСТАПУВА САМОСТОЈНО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

0
799

Централниот одбор на Либерално-демократската партија донесе одлука партијата на следните локални избори, кои треба да се одржат во 2021 година, да настапи самостојно.

“Синоќа Централниот одбор донесе конечна одлука, но како партија ја оставивме отворена можноста за коалиција со други партии, здруженија на граѓани но и поединци кои имаат сродни програмски и политички определби со ЛДП” – рече претседателот на партијата Горан Милевски.

Претходно одлуката за самостоен настап ја поддржаа членовите на Извршниот одбор на ЛДП и на Централните одбори на Форумот на жени и на Либерално-демократската младина.