ЛАТАС БАРА СЛАМКА ЗА СПАС, НЕ МУ СЕ ОДИ ВО ЗАТВОР: ДА НАПРАВИМЕ ЗОМБИРАНОТО ОПШТЕСТВО ОД СДСМ ДА СИ ЗАМИНЕ ОД ВЛАСТ, ЕДИНСТВЕНА АЛТЕРНАТИВА НИ СЕ ВМРО-ДПМНЕ И СЕМЕЈНИТЕ ВРЕДНОСТИ

0
1651

Во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа, гостин беше бесрамниот пропагандист на екс режимот, Драган Павловиќ Латас. Според него, спортот го политизираше со констатација дека последните случувања во европскиот фудбал покажа одлучна победа на суверенистите, затоа пропадна и Супер лигата на најбогатите клубови.

За домашните политички случувања рече дека СДСМ се слика со разни криминалци и наркобосови, затоа ДЕА често ги гони за нелегална трговија со дрога. Притоа праша како дошле функционерите од СДСМ во многу ситуации да се сликаат претежно со лица со спорно минато. Повторно спинуваше дека во аферата од порано, Чауш фалсификувал за СДСМ а не за ВМРО-ДПМНЕ. Според Латас, тој Чауш имал сигурни канали за комуникација, и бил во врски со клучни луѓе за да тече издавањето на нелегални пасоши и лични карти. Исто така тврдеше дека Чауш печател и лажен пропаганден материјал со цел да се оцрнуваат вмровски функционери и да се дефокусира јавноста од нелегалните активности на СДСМ. Латас наведе како аргумент дека Чауш бил уште тогаш фатен од ВМРО-ДПМНЕ поради фалсификати на пасоши и лични карти.

За најновата афера со лажните пасоши, Латас директно го обвини СДСМ дека намерно печати пасоши непречено 3 години, но притоа СДСМ наводно лажел дека истрагата прво траела една па потоа две години додека Мицкоски не ги разоткрил во криминалните намери.

Латас со восхит коментираше дека постоел некаков судир меѓу обвинителката Рускоска и СДСМ, бидејќи таа била компетентна жена и можела таа да сработи нешто корисно за државата и поради тоа му пречела на Заев. Но имал дилема дали Рускоска ќе победи во битката или пак Заев ќе успее да ја тргне од функцијата обвинител за организиран криминал. Направи споредба дека квалификуваните обвинители и професионалци како Рускоска не можеле да бидат подмитени и послушни на СДСМ како слабо поткованата и корумпирана обвинителка Катица Јанева од поранешното СЈО. Латас го обвини и премиерот Заев бидејќи наводно му одговарала да биде Катица главна во СЈО за да напаѓа критични новинари кон СДСМ и затоа биле сменети уредниците на три национални медиуми.

Латас очигледно бара спас во големото враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт и продолжување со криминогената политика на владеење со Македонија. Големата слика за Латас е крајно неповолна, затоаобвинуваше дека Македонија станала општество на зомбија откако невладината српска организација Канвас почнала да го труе општеството за подготовка на Шарената револуција.

Латас ја гледа СДСМ како партија во која што за превласт се борат неколку фракции и повремено доаѓа до судири и само знаат меѓусебно да се местат едни со други. Менталниот склоп на СДСМ бил да му се понуди само крв на народот, не давал ни плати ни повисоки пензии, не вложувал во инфраструктура. Затоа потребно било некој опозициски новинар или бизнис да настрада за да се дефокусира јавноста.