Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека едниот од возачите на автобусот на Беса транс кој настрада во Бугарија, не бил вработен во таа фирма и имал сертификат со важност до ноември 2023 година, а другиот возач не бил вработен во ниту една фирма за да ја врши таа дејност и му бил истечен сертификатот во 9-ти месец 2020 година.
“Од март оваа година има застој во полагањето за сертификати за возачи” – рече Бочварски.