И ЗА ОВА ЛИ Е ФИЛИПЧЕ КРИВ? КУМАНОВЧАНИ И СКОПЈАНИ ПРАВЕЛЕ МАСОВНИ КОРОНА ЖУРКИ

0
643

Полицијата откри домашни забави во Скопје и во Куманово на кои присуствувале повеќе лица и најави кривични пријави.

Вчеравечер во 22 часот, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во куќа на ул.”Мајски манифест” во Скопје, сопственост на И.Ѓ.(25) и М.Ѓ.(20), во која била организирана забава. Покрај нивната сестра С.Ѓ.(19), во куќата биле затекнати уште шест полнолетни и три малолетни лица.

Истата вечер по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во куќа на ул.”Народна револуција” во Куманово, сопственост на Е.Т.(37), каде, исто така, имало забава. Освен нејзините три ќерки, во куќата биле затекнати уште 10 полнолетни и 11 малолетни лица.

МВР најави дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени пријави за прекршување на мерките во борбата против коронавирусот.