Koj од овие четворица ќе биде идниот градски татко на Крива Паланка?

0
1896

За сега по кулоарите во Крива Паланка двата политички опонента ВМРО ДПМНЕ и СДСМ оперираат со по две имиња како најсериозни кандидати да ја добијат партиската подршка и на 15 ти октомври да се обидат да станат иден Градоначалник на Крива Паланка.

Од ВМРО ДПМНЕ повторно за мандат по трет пат ќе се бори досегашниот Арсенчо Алексовски кој важи за омрзен тип дури и во својата матична партија но како милионер ќе проба да ја купи довербата кај лидерот во Скопје Никола Груевски и пак да биде кандидат иако новиот Општински е на нож со него и неговата банда криминалци вработени во општината.

Негов противкандидат од ДПМНЕ за кој дознаваме дека пуштил кандидатура во централата е Оливер Алексовски поранешен прв човек на партијата и пратеник кој има своја маса подржувачи во ДПМНЕ окарактеризирани како старите вмровци.

Image result for оливер алексовски

Во сега владејачката партија на централно ниво СДСМ исто така две имиња се шпекулираат како најсериозни и со можност да ги убедат кривопаланчани дека е време да гласаат за кандидат на новата власт заради кооперативност и за да не остане Крива Паланка слепо црево како Ранковце до сега каде се избра Градоначалник од СДСМ а централна власт беше ДПМНЕ и сите проекти во таа општина не добија зелено светло и пари за да бидат реализирани.

Првиот и можеби најсериозен е Сашко Митовски познат бизнисмен во Крива Паланка еден од сопствениците на трите најпознати угостителски објекти од овој град меѓу кои и на далеку прочуената Воденица ресторан, Select caffe,Select pizza bar .

Исто така како можен кандидат се спомнува и докторот-гинеколог Горан Младеновски

Фотографија на Goran Mladenovski.