Google лансираше нов пребарувач наменет специјално за вашите деца, Kiddle. Прелистувачот ги рангира страниците според безбедноста и едноставноста. Првите три места се резервирани за чисти и безбедни линкови, следните четири за оние што содржат едноставна содржина разбирлива за децата, а од осмиот линк натаму следуваат вообичаени резултати.
Ако се обидувате да пребарувате непријатни зборови, ќе наидете на гневен робот кој ви вели „Се чини дека пребарувањето содржеше некои лоши зборови. Ве молиме обидете се повторно“.
Kiddle не е Google производ, ниту пак официјално лиценциран од Google, но го користи механизмот на Google со вклучени “Safe” филтри, кои ги штитат децата од содржина што не треба да ја видат и пребаруваат. Kiddle ги користи истите бои на букви, исто како и Google логото, но страницата со резултати е повеќе шарена, а насловната страница прикажува и слики и позадини.