ЌЕ ЗАВИСИ ОД ПРЕПОРАКИТЕ НА КЗБ ЗА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, ЗАЕВ: БИ САКАЛ ОД СЕПТЕМВРИ НАСТАВАТА ДА СЕ ОДВИВА НОРМАЛНО

0
683

“Комисијата за заразни болести е таа што одлучува, но јас би сакал наставата од септември да биде со физичко присуство ако ковид-ситуацијата тоа го дозволува” – рече премиерот Зоран Заев.

Заев информираше дека во понеделник во 9 часот, Кризниот штаб треба да одржи состанок на кој ќе бидат соопштени деталите за евентуалното олабавување на мерките во однос на рестораните за свадби и можностите за присуство на трибините во сали и на стадион.

“За училиштата имам свој став. Но, секако најважно е каква ќе биде состојбата кон крајот на август. Сепак јас лично сум за настава со физичко присуство. Мислам дека ќе имаме стабилна состојба и сега ова кога бројките се намалени, би требало да биде добра основа за настава со физичко присуство. Ако потоа има потреба ќе одиме со затварање или други мерки” – рече премиерот Заев.