ЌЕ ЈА РАЗВИВАМЕ ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО АЛБАНИЈА, ЗАЕВ: ПОТПИШАВМЕ ДОГОВОР ЗА ЗАЕДНИЧКИ ГРАНИЧНИ И ЦАРИНСКИ КОНТРОЛИ СО АЛБАНИЈА

0
1078
“На патот кон ЕУ остваруваме европски вредности за граѓаните од двете земји.
На маргините на Самитот на земјите од Западен Балкан заедно со мојот пријател и колега, премиерот Еди Рама, го потпишавме Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу нашите земји.
Навистина е задоволството кога двајца многу добри пријатели кои што водат извршна власт на две одлични земји по своето пријателство, ќе направат чекор кон збогатување и усовршување на тоа пријателство.
Со потпишувањето на денешниот договор завршуваме еден сериозен процес на кој што работеа нашите Влади. Со отворање на “one stop shop” терминалот ќе овозможиме да расте нашата трговија, нашата соработка, како и да се унапреди дополнително пријателството меѓу двата народи и да продолжиме заедно да држиме европски лекции, затоа што нас не’ врзува сегашноста, не’ врзува и иднината.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ