ЌЕ ИМАМЕ ФУНКЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ И НОРМАЛЕН ТЕК НА РЕФОРМСКИТЕ ПРОЦЕСИ, ШЕКЕРИНСКА: НЕ УСПЕАЈА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ И ОБИДИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА РУШЕЊЕ НА ВЛАДАТА И ЗА ПОПРЕЧУВАЊЕ НА НАШИТЕ ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

0
704

“Многумина граѓани, но и медиумите чекаат од нас да го потврдиме парламентарно мнозинство кое ќе гарантира функционално Собрание и нормален тек на реформските процеси. Се водат разговори, очекувам тоа брзо и успешно да се заврши, бидејќи не чека многу повеќе работа. Целта е да се обезбеди квалитетно мнозинство, кое точно ќе знае за какви политики се залага, има јасен план за работа и времето помалку ќе го троши во преговарање, а повеќе во работа” –  изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

“До пред неколку дена сите можевме да лицитираме со различни тези. Се виде дека информациите што ги пласираше опозицијата биле дезинформации и пропаднаа обидите не само да се изгласа недоверба на Владата, туку и да се попречи целиот овој процес на наше интегрирање, не толку во НАТО, колку во ЕУ” – рече министерката Шекеринска.

Таа смета дека во Северна Македонија ни треба стабилност, предвидливост, работа за да ги обезбедиме резултатите што граѓаните ги очекуваат.

По локалните избори да се врати во нормалното темпо на работа и обезбедување подобар живот, повеќе безбедност.

“Владата функционира. Собранието денеска ќе почне да дискутира и за буџетот. Ништо не нѐ спречува да работиме на тоа што е важно за сите. Мислам дека како што на граѓаните фокусот не им е постојани избори или постојано броење пратеници, туку работа и резултати, мислам дека и ние тоа треба да им го понудиме” – истакна Шекеринска