ЈА ИМАЛЕ ЦЕЛОСНАТА ПОДДРШКА НА НАРОДОТ, ЛИЦЕМЕРИЕ НА ПАНДОВ ПО 4 ГОДИНИ: НАСКОРО ЌЕ ИМА И ВТОР, ПОБРОЕН ПРОТЕСТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, МУ СЕ ОДБРОЈУВА ВРЕМЕТО НА ЗАЕВ НА ВЛАСТ

0
1373

Претседателот на т.н. Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов гостуваше во емисијата “Што не е јасно?” на тв Алфа. Тој истакна дека протестот на 25-ти април покажал голема обединетост на народот за да се ослободат уставобранителите. На таков начин му се пратила многу јасна порака на Заев дека ако ова не го сфати сериозно, ќе му се случи и втор, многу поброен протест како чекор за негово рушење од власт.

Се обиде лицемерно да го крене моралот на затворените дека ако досега издржале многу, штом дотука дошла работата, нека издржат уште малку. Бесрамно лажеше дека нема да биде далеку денот кога ќе ги дочекаат да излезат од затворите. Ова нивно страдање била како показна вежба што наводно ги следела оние политички неподобни лица ако се побунеле против “хунтата” на Заев. Во време на екс режимот и наспроти целата вмровска пропаганда, Македонија беше заробена држава по сите параметри.

Во плиток обид за ретроспектива, Пандов тврдеше дека ваков епилог немаше да се случи ако Мукоски не ја отворел вратата во Собранието на 27-ми април. Обвини дека пратеникот Мукоски со марица бил донесен во Собрание само за да гласа за промена за името и потоа со политички пазар, бил ослободен а сите други настрадаа. Затоа го оквалификува како главниот виновник за тие нереди. Пандов намерно избегнува да ги признае индициите што се појавија за организираниот начин на упадот во Собрание со цел насилно да се спречи волјата на тогашното ново парламентарно мнозинство. Затоа Пандов хипокритично дури сега ги брани затворените и изманипулирани улични силеџии дека тие биле нивни луѓе, родољуби, патриоти, а дел од нив учествувале и во 2001. година и покрај тоа ги осудиле за тероризам под налог на Заев. Пандов дополнително клеветеше дека во судскиот процес се појавил еден професионален сведок со неколку различни изјави, врз основа на која што биле донесени тие драконски пресуди. Како излезно решение, сугерираше дека треба да се пристапи кон флагрантно мешање во судството т.е. постоеле правни и политички предуслови за Заев и Маричиќ да ги ослободат овие луѓе. ВМРО-ДПМНЕ бара ново и “правично” судење која што несомнено би донело ослободителна пресуда.

Како чист контраст на овие наводно неправедно казнети лица, ги наведе поранешната обвинителка од СЈО, Катица Јанева и фејк шоуменот Боки 13 кои што се во домашен притвор и воопшто не лежат затвор. За Рашковски рече дека се одрал од крадење и затоа денес располагал со огромен капитал а неговата плата не кореспондирала законски со тоа што денес го имал. Потоа спомна дека олигархот Камчев бил приведен со лажна белешка од АНБ и потоа однесен во затворски притвор. Тврдеше и дека Заев преку неговото влијание, ја поставил судијката Кацарска во Уставниот суд, која што имала и поништена судска одлука поради разни неправилности.

Пандов констатираше дека сме имале распад на системот, бидејќи со одобрување на Заев се бираат судии и обвинители на секое ниво. Го обвини и Рашковски дека однапред им делел прашања на некои подобни обвинители за да ја поминат Академијата за судии и обвинители со сите 100 бода. Дури и искусни обвинители му велеле дека тоа не било реално можно без местенки. Затоа овие избрани обвинители и судии би имале голем број причини да им бидат лојални на Заев и Рашковски.

Пандов ја оцени денешната политичка состојба како живеење во тоталитарен систем и хибриден режим а тоа се гледало на дело со загушувањето на правото на говор на опозицијата во Собрание за интерпелацијата против министерот Спасовски. Според него, да имал образ и чесност министерот Спасовски, во десетина ситуации веќе требал да си поднесе оставка. Како еден таков случај што го смета за најсрамен, е тоа што ДЕА наводно не го информирала за каналите на производство и ширење на дрога во Македонија и потоа во оперативна акција, беше фатен полициски командир како “чистач” на транзитот на дрога. Покрај тоа наводно биле вмешани и фирми соработници на Заеви. И како прв човек на МВР, не било можно Спасовски да не знаел ништо за вакви сдсмовци вмешани во црн бизнис со дрога. Да спомнеме дека во време на екс режимот, ниту еден криминоген лојалист не беше спречуван ниту казнуван за занимавање со нелегални бизниси и профитирање од нив.

Дополнително Пандов ги оцрни и реформите во образованието и менаџирањето со здравството во екот на пандемијата. Поради сево ова, ја смета Македонија денес како приватен пашалак на Заев и неговите “бандити”.