ИТАЛИЈА Е НА ПАТ ДА ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОРОНА ЗА ОДРЕДЕНИ СТАРОСНИ ГРУПИ, МАРИО ДРАГИ: СЕКОЈ ОД НИВ БИ БИЛ ОБВРЗАН ДА СЕ ВАКЦИНИРА ОТКАКО ЕУ ЌЕ ДАДЕ КОНЕЧНО ОДОБРУВАЊЕ

0
129

“Италија во некој момент може да воведе и задолжителна вакцинација против Ковид-19 за сите од одредена возраст. Покрај тоа, засилувачките (бустер) дози на вакцини против Ковид-19 за ранливите луѓе треба да почнат да се даваат во Италија подоцна овој месец” – рече италијанскиот премиер Марио Драги.

Веќе е воведена задолжителна вакцинација за здравствените работници, но премиерот Драги смета дека секој треба да биде обврзан на вакцинација откако европските здравствени власти ќе дадат целосно одобрување.