ИСТРАГИТЕ ЌЕ ОДАТ ДО КРАЈ, СПАСОВСКИ: НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА СТЕ ПРАВОСИЛНО ОСУДЕНИ ЗА КРИМИНАЛ И ПОТОА ДА СЕ НАДЕВАТЕ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ВЕ ОСЛОБОДИ СО ПРОТЕСТИ

0
1580

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски беше гостин во емисијата “Само вистина” за да ги коментира состојбите во неговиот ресор и политичките случувања во државата.
Потенцираше дека додека е тој надлежен за полиција, секоја истрага за сомнителни кривични дела ќе оди до крај за да се утврдат фактите и понатаму да се проследат до Јавното обвинителство за постапување пред суд. Како контраст на ова, посочи дека според аудио бомбите од Заев, многу случаи на убиства или тешки криминали се решавале во кабинети на функционери на ВМРО-ДПМНЕ со апсолутна неказнивост на нивните луѓе.
Денес нема штитење на никого поради политичка подобност и тоа така и ќе продолжи во иднина.
Во врска со акцијата за лажните пасоши, Спасовски истакна дека вредно работеле стручни криминалистички тимови за расветлување на случајот и разоткривање на сите инволвирани а на само неколку дена пред завршување на целата постапка, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да ја саботираат целата работа со обелоденување на клучни детали во јавност.
Револтирано, министерот тврдеше дека во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ има најмногу луѓе склони на криминал и злоупотреби на квадратен метар и затоа парадоксално е луѓе осудени за правење фалсификати ко пратеникот Милошоски, да го обвинуваат СДСМ за некакви фалсификати каде што воопшто ги нема.
Поради тоа најави дека ќе следи проверка на сите вработени во полицијата со цел да се елиминираат кртовите кои што лиферуваат сензитивни информации до ВМРО-ДПМНЕ и одредени медиуми.
Се заблагодари на странските агенции за безбедност, борба против криминал со наркотици, тероризам и шверц на оружје за постојаната координација на терен.
Министерот Спасовски се заложи на обезбедување успешен попис и успешни избори наесен. Потврди и дека по закон, ќе ја снабдат ДИК со податоци за отпечатоци од прст за успешно спроведување на локалните избори. Како дополнителен аргумент истакна дека од 2017-та година, власта на СДСМ организирала успешни изборни циклуси и референдум и притоа имало сѐ помалку инциденти во однос на претходниот пат. Затоа отворено изјави дека очекува голема поддршка за СДСМ и на локалните избори.