ИСТРАГАТА ЗА НЕСРЕЌАТА ВО БУГАРИЈА ПРОДОЛЖУВА, ДРЖАВНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЉУБОМИР ЈОВЕСКИ: УТРЕ НА БУГАРСКИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ИМ ГИ ПРЕДАДЕМЕ ДНК АНАЛИЗИТЕ ОД СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ И ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА БЕСА ТРАНС

0
686

“Претставниците на Јавното обвинителство на Бугарија пристигнаа во Јавното обвинителство на Северна Македонија и утре ќе им бидат предадени ДНК анализите од роднините на покојните, заедно со документација што е досега обезбедена, пред сѐ одземените документи од Беса транс и податоци од Министерството за транспорт и врски” – изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

На експертизата за утврдување на идентитетот од ДНК анализата ќе присуствуваат и две стручни лица од Судска медицина за да се забрза постапката.
Јовески изјави дека во изгорениот автобус денеска е пронајдено уште едно тело на починат патник и е пренесено во Институтот во Бугарија.

“Се работи за лице на помлада возраст. Во несреќата настрадале 45 патници, а 7 се пренесени на лекување во софиската болница” – изјави обвинителот Јовески.