ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОДОБАР ЛОКАЛЕН И РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО БИТОЛА, ЗАЕВ: ГО РЕКОНСТРУИРАВМЕ РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ БИТОЛА-НИЖЕПОЛЕ-СКИ ЦЕНТАР СТРЕЖЕВО ЗА ПОДОБРА ВРСКА СО РЕКРЕАТИВНИ ЛОКАЦИИ ПОД ПЕЛИСТЕР

0
769

“Инвестираме во патната и друга инфраструктура особено во општините каде што туризмот е од големо значење за развој на локалната економија.

Со реконструкцијата на регионалниот пат Битола – Нижеполе – Ски центар “Стрежево” кој што во наредниве денови ќе биде пуштен во употреба, граѓаните од Битола и регионот сега имаат лесна врска со големиот број рекреативни локации под Пелистер и брза врска со ски центарот “Стрежево”. Реконструкцијата е во должина од 5,5 километри, вредна 36 милиони денари а ширината на патот сега изнесува 6 метри според сите стандарди за оваа категорија патишта.

Паралелно се врши и реконструкција на патниот правец Трново – Магарево и се поставува канализациона мрежа и пречистителна станица, со што се затвора една успешна приказна на развој на туризмот во Потпелистерието, овозможувајќи им на жителите на овие села, но пред сѐ на туристите и на посетителите, поквалитетна животна средина и хигиенски третман на околината, без испуштање на отпадните води во околните реки.”

-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ