ИНВЕСТИЦИИ ВО КУЛТУРАТА, ЗАЕВ: ГО РЕКОНСТРУИРАВМЕ РИМСКИОТ ПАТ ОД БИТОЛА ДО ХЕРАКЛЕА

0
667

“Со реконструкцијата на “Римскиот пат” што води од Битола кон античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, ги приближуваме вредните историски локалитети поблиску до граѓаните и туристите и ја зајакнуваме прекуграничната соработка во регионот кој долгорочно има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда со поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча.

Ми претставува посебно задоволство што заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, со министерката за култура, Ирена Стефоска и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска присуствуваме на завршните активности на реконструкцијата на “Римскиот пат”, како дел од проектот “Смарт-кул-тур” кој се спроведува во рамки на Програмата на Европската комисија за Прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, со инструментот ИПА 2 за 2014 – 2020 година.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ