ИНТЕНЗИВНИТЕ ДОЖДОВИ И СНЕЖНИ ВРНЕЖИ НАПРАВИЈА ПРОБЛЕМИ, УХМР: ИЗЛЕВАЊА СЕ РЕГИСТРИРАНИ ВО СЛИВОВИТЕ НА СТРУМИЦА, БРЕГАЛНИЦА И КРИВА РЕКА

0
607

Врнежите од дожд и снег кои паѓаат изминатите десетина дена, а особено во последните 48 часа, ги зголемија водостоите на водотеците.

Најголеми водостоите има во источните и јужните делови од Северна Македонија, а излевања се забележани во сливовите на реките Брегалница, Струмица и Крива Река.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека високи водостои има и кај Пчиња, Треска, Црна и Боротинска река, а критично е во Пелагонија и струшкиот регион.