ИНСТИТУТОТ ЗА ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА ДОБИ 5 МОБИЛНИ ФРИЖИДЕРИ ЗА БЕЗБЕДНО СКЛАДИРАЊЕ НА ВАКЦИНИ

0
601

Пет специјални мобилни транспортни фрижидери во вредност од 34 000 евра кои одржуваат температура од -20 до -86 целзиусови степени доби Институтот за трансфузиона медицина. Донацијата е од американската мултинационална компанија за меѓународен транспорт, достава и менаџмент на логистички ланец “УПС” преку нивниот локален партнер “Ин Тиме МК”.

Овие мобилни фрижидери ги имаат и повеќе развиени земји бидејќи ги исполнуваат највисоките стандарди за транспорт и чување на вакцини во изолирани и рурални средини. Тие се погодни за клинички испитувања, чување и транспорт на лекови и препарати.

Компанијата “УПС” и нејзиниот локален партнер “Ин Тиме МК” редовно вршат достава на вакцините на Фајзер до Институтот за трансфузиона медицина.