ИМАЈЌИ ГИ ПРЕДВИД ОКОЛНОСТИТЕ, ОДГОВОРНО СЕ СООЧУВАМЕ СО ПОЖАРИТЕ И ИЗБЕГНАВМЕ ЧОВЕЧКИ ЖРТВИ, АРТАН ГРУБИ: НЕМА ДА ГИ РАЗРЕШУВАМЕ НАДЛЕЖНИТЕ ВО ЦУК, АКТИВНО СЕ РАБОТИ НА ТЕРЕН И СЕ СПРЕЧУВААТ ПОЛОШИ ПОСЛЕДИЦИ

0
674

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби изјави дека не се разговара за разрешување на надлежните во ЦУК, затоа што со пожарите се соочуваат одговорно. Владата ќе одржи седница и ќе се дебатира за ова прашање.

“Сметаме дека со сите околности се соочивме доста одговорно и за среќа немаме ниту една жртва за разлика од земјите во регионот. Секако дека секогаш може многу подобро. Не сме зборувале за разрешување, но не сакам да прејудицирам, затоа што имаме сега седница на Влада и секако дека ќе се дебатира во однос на ова прашање” –  рече Груби на денешната прес-конференција на промоцијата на поштенска марка по повод 20 години од Охридскиот договор.