Министерството за здравство соопшти дека од 12-ти јули, вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе тече ревакцинацијата.
Секој граѓанин ќе може слободно да се вакцинира, без оглед дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk.
“Секој кој сака да се вакцинира, истото ќе може да го направи и без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk” – информираше Министерството за здравство.