ИАКО Е ВО ЕУ, БУГАРИЈА ТОНЕ КАКО УГАНДА И СУДАН, РАДЕВ ВО ПАНИКА: ПОЛИТИЧКИТЕ СИЛИ МОРААТ ДА СЕ ДОГОВОРАТ ЗА НОВА ВЛАДА ПО ИЗБОРИТЕ ВО ЈУЛИ

0
1284

“Бугарија мора да има Влада по овие избори“ – порача бугарскиот претседател Румен Радев, советувајќи ги партиите почесто да се воздржуваат во нивните меѓусебни напади. Тој уверуваше дека привремената Влада ќе вложи максимални напори да обезбеди безбедно машинско гласање на претстојните избори.

“Враќањето на довербата во изборниот процес е клучна задача и за ЦИК и за привремената Влада и верувам дека тука ќе бидат преземени сите неопходни чекори за да има фер, транспарентни и слободни избори” – рече тој.

Коментирајќи на прашањето колку длабоко треба да оди Бугарија како одговор на санкциите воведени со американскиот закон Магницки, претседателот рече дека ова е преседан и за Европската унија и затоа нема јасна правна рамка за земја-членка на ЕУ и сојузник на НАТО како да се постапува.

“Можете да видите дека веќе 10 години се движиме кон европски развој и во еден момент се наоѓаме покрај Уганда, Судан и Саудиска Арабија” – оцени Радев.