И ДА СЕ ЗАКАНУВААТ РАБОТОДАВЦИТЕ СО ОТПУШТАЊА, РАБОТНИЦИТЕ ДА НЕ ПОТПИШУВААТ ШТЕТНИ АНЕКСИ, ССМ ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ОШТЕТЕНИТЕ: РАБОТОДАВЦИТЕ НЕМА ДА НАЈДАТ НОВИ РАБОТНИЦИ ЗА РАБОТА ВО ПОЛОШИ УСЛОВИ

0
1056

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) упати апел до работниците да не потпишуваат никакви нови анекси или нови договори за вработување по најавите за можни отпуштања на работници во текстилниот сектор. Сите кои сметаат дека нивниот Договор за вработување на определено време не е законски, да пријават до ССМ за да се разгледаат конкретните случаи и да им се помогне.

Од ССМ бараат итни измени на Законот за работни односи за ограничување на договорите за работа на определено време на една година. Во Трудовиот инспекторат ќе ги пријават работодавачите кои не им ги продолжиле договорите за вработување на определено време на работниците а тие се’ уште им работат. Со тоа ќе се оневозможат работодавачите во намерата да не ги продолжуваат договорите за вработување на определено време.