И адвокатот Александар Тортевски, како еден од основачите на партијата “Твоја”, најави своја кандидатура за локални изборите како кандидат за градоначалник на Град Скопје.
Тој одлучи дека во вторник на официјална прес-конференција ќе ја објави одлуката.
“Се’ уште не сум ја објавил официјално кандидатурата. Во вторник ќе имаме официјална прес-конференција и ќе промовираме дел од кандидатите. Јас сигурно ќе одам за Скопје” – најави адвокатот Тортевски.