“Huawei P8 Lite” има ниска цена и привлечен дизајн

0
1509
Портфолиото на модели на кинеските производители се повеќе и повеќе се зголемува, и тоа со модели кои нудат високо ниво на изработка однадвор и многу солидни компоненти во внатрешноста.
huawei

Иако не е изработен од алуминиум, P8 Lite е прилично допадливо парче паметен телефон, благодарение на тенкото куќиште и индустрискиот дизајн. Однапред, има 5 инчен екран со HD резолуција и многу мала рамка одоколу, кој е се чини единствената послаба компонента, бидејќи некои од конкурентите во класата веќе нудат и Full HD екрани, пишува Smartportal.

huawei-models

Од друга страна, P8 Lite не заостанува кога се во прашање перформансите, бидејќи има Snapdragon 615 чип со осум јадра и 2 GB рам меморија, односно 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување со micro SD картичка. Солидни се и камерите и тоа задната има 13 мегапиксели и може да снима Full HD видео, додека предната, селфи камера, има 5 мегапиксели.

Интересен додаток е можноста слотот за micro SD картичка да се искористи за да се стави втора сим картичка, нешто што за прв пат го гледаме кај мобилните телефони. Батеријата има капацитет од 2200 mAh, веројатно доволно за целодневно користење. Како и секој нов паметен телефон на Huawei и P8 Lite е опремен со Android Lollipop, но со прилично тежок скин од Huawei.

huavei-modeli-pretstavvvveni-ubaini-02

Најголем адут во ракавот на Huawei P8 Lite сепак се чини ќе биде цената, која во САД ќе изнесува 250 долари.