HUAWEI ГО ОБЈАВИ HARMONYOS 4 СО ОСВЕЖЕН ДИЗАЈН И ОПЦИИ ЗА ПЕРФОНАЛИЗИРАЊЕ

0
368

За време на својата годишна конференција за програмери, Developer Conference 2023, Huawei го претстави HarmonyOS 4. Новата верзија на оперативниот систем доаѓа со освежен дизајн и бројни опции за прилагодување, вклучително и за паметни телефони, таблет уреди и паметни часовници.

Компанијата соопшти дека HarmonyOS екосистемот веќе покрива над 700 милиони уреди ширум светот. Huawei овозможува менување на системскиот фонт, но и бои и виџети во различни комбинации.

Huawei го ажурира сетот емотикони и додава опции за анимирани варијанти. Интересен новитет е и опцијата Panorama Weather која ја прикажува дневната прогноза на заклучениот екран, прикажувајќи ги промените во реално време. Редизајниран е и центарот за известување, а корисниците ќе можат да закачуваат и известувања од некоја апликација и директно да комуницираат со нив.

Како што се очекуваше, Huawei има и своја варијанта на Dynamic Island наречена Live Window, каде што поддржаните апликации ќе прикажуваат известувања во реално време во елипсовидна област со опција за интеракција. Оваа функционалност ќе биде достапна за паметни телефони, таблет уреди и часовници.

Достапни се и повеќе виџети со опции за комбинирање и различни големини. Покрај тоа, се базира на супер систем за пренос на фајлови, како и внатрешно помеѓу уредите со HarmonyOS. Компанијата го вклучува и подобрениот систем Ark Engine, кој ги зголемува перформансите за 20 проценти за побрзо стартување на апликациите и пофлуидни анимации во позадина на намалената потрошувачка на енергија.

Се разбира, тука се и оптимизациите за безбедност и приватност. Во однос на паметните телефони, HarmonyOS сè уште не е достапен за уредите во Европа, а јавната бета верзија на HarmonyOS 4 веќе може да се преземе на 34 уреди.