ХРВАТСКА СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО ВОВЕДЕ ЕВРОТО КАКО СВОЈА ВАЛУТА ВО АПРИЛ СЛЕДНАТА ГОДИНА: ПРЕОДНИОТ ПЕРИОД БИ ТРАЕЛ ДО ФОРМАЛНИОТ ВЛЕЗ ВО ЕВРОЗОНАТА НА ПРВИ ЈАНУАРИ 2023 ГОДИНА

0
909

Вицепремиерот и министер за финансии на Хрватска, Здравко Мариќ изјави дека е во изработка Закон за воведување на еврото, а усвојувањето е предвидено за април следната година.

“Со овој закон ќе биде неопходно да се сменат 46 закони и повеќе од 70 подзаконски акти пред воведувањето на еврото” – рече министерот Мариќ на конференцијата “Хрватска како дел од еврозоната”.
Владата во Загреб го планира први јануари 2023 година како датум кога Хрватска треба формално да стане дел од еврозоната.