HidrateMe – Паметно шише кое ќе ве потсетува да се напиете вода

0
1321

Сите ние сме запознаени со препораките за редовно внесување на течности во текот на денот. Се разбира, од се што имаме достапно денеска за пиење, препораките за редовен внес на обична вода никогаш не биле поголеми.

Кога ова ќе го ставите во комбинација со достапноста на технологијата денес, го добивате паметното шише HidrateMe кое што е направено со цел да ви помогне во редовното внесување на оваа основна и неопходна течност.

2e1f221d90f2e8f7cfff02e36a7a52b2_original

Ова не е единствениот ваков производ, меѓутоа поради некоја причина има привлечено најмногу внимание на Kickstarter платформата преку која што моментално ги собира потребните средства за почеток на масовно производство.

До овој момент, HidrateMe има собрано повеќе од 380.000 долари од потребните 35.000 на 16 денови до истекот на рокот. Може да се нарача по цена од 45 долари, па нагоре, зависно од времето на нарачка, бројот на шишиња, како и дополнителната маичка која што исто така е за поддршка на проектот.

Во основа, се работи за добро дизајнирано шише кое што се поврзува со апликација на вашиот паметен телефон. Како што го користите во текот на денот, шишето ги испраќа информациите до апликацијата која што потоа ве известува доколку внесот на вода не е доволен за тој ден. Апликацијата има неколку прилагодувања кои што ги местите на почетокот, по што се одредува вашата дневна потреба за вода.

006856eda53938c0282073c64904c158_original

Шишето доаѓа со обична батерија која што може да се замени, а неговите развивачи истакнуваат дека истата треба да трае цела година, пред да треба да биде заменета.

HidrateMe шишето е направено од пластика и има капацитет од 710 милилитри. Доаѓа со дизајн и големина кои што се погодни за користење во разни ситуации, а и го собира во скоро секоја торба која што сте ја користеле до сега.