ГРИЖАТА ЗА ЗДРАВСТВОТО Е ПОСТОЈАНА ОБВРСКА, ФИЛИПЧЕ: ВЛАДАТА ОДОБРИ 498 СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ И 87 СУПСПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ

0
236

“Младите лекари да не стравуваат затоа што имплементирањето на политиките што се однесуваат на нивниот стручен напредок ги правиме заедно со нив” – рече министерот за здравство Венко Филипче.

Програмата за специјалистички и супспецијалистички кадри пред две недели беше усвоена на седницата на Владата. Вкупно 498 специјализации и 87 супспецијализации се одобрени и ќе бидат распишани наскоро, согласно барањата на Медицинскиот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и од Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.

“Минатата година немаше рапишано конкурс за специјализации поради ситуацијата со Ковид-19, сите одделенија беа ковид одделенија, менторите беа зафатени со третман на ковид пациенти. Младите лекари беа вклучени во третманот на овие пациенти. Програмата за специјализации веќе помина на седница на Владата, таа е усвоена. Таа е согласно барањата на јавно-здравствените установи, колку млади лекари има за да се пратат на специјализација. Вклучени се како Медицинскиот Факултет во Скопје со најголема бројка, така и Факултетот во Штип. 498 специјализации и 87 супспецијализации после ова поминување на програмата на Владата ќе бидат распишани” – рече Филипче.