ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ И ДА ИМААТ ТРПЕНИЕ СО РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ, ЗАЕВ НА ТВ СИТЕЛ: НАША ОБВРСКА Е ДА ГО ШТИТИМЕ КОЛЕКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ, СЕКОЈ ЖИВОТ НИ Е БИТЕН ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ОД КОРОНАТА

0
836

“Мерките ги даваат очекуваните резултати. Замолувам за разбирање кај граѓаните во однос на ограничувањата со мерките. Секој има право да одлучи дали ќе се вакцинира или не, но државата е должна да го заштити колективното здравје” – рече премиерот Зоран Заев за новите здравствени мерки во интервју за тв Сител.

Премиерот Заев смета дека вакцинацијата е единственото решение да ja победиме оваа пандемија. Најголем број на заразени има во средините каде што има најмалку вакцинирани. Бројот на заразени кај вакцинираните со две дози е незначителен процент и се движи околу 0,002.

Тој има целосна доверба во препораките кои ги добива Владата од Комисијата за заразни болести која е составена од врвни експерти и при носењето на одлуките се прават споредби со искуствата од светот.

“Колку расте бројката на вакцинирани, толку ќе паѓа бројката на заразени. Мора да го заштитиме животот, затоа што секој живот е драгоцен, секое здравје е драгоцено. Токму затоа колку и да е непријатно, одиме со вакви мерки” – истакна премиерот Заев и упати апел до граѓаните да се вакцинираат.

“Секаде во светот, така и кај нас, најлесно ќе ја совладаме пандемијата и ќе се вратиме на нормалното со вакцинирањето. Апелирам до сите, го кажав мојот личен пример, две деца имам, едното е неполнолетно, 17 години, во октомври полни 18, прими вакцина, другото дете, ќерката е 20 години, студент, прими вакцина, јас, сопругата, сите. Треба да го следиме тоа што врвните светски експерти го кажуваат, вакцинирањето е лекот за совладувањето на пандемијата” – рече премиерот Заев.