ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОСТЕПЕНО ДОБИВА НОВ ЛИК, ШИЛЕГОВ: ГИ ОБНОВИВМЕ ДРВОРЕДОТ И ЗЕЛЕНИЛОТО НА УЛИЦА РУЗВЕЛТОВА

0
1140

“Во изминатиот период екипите на ЈП Паркови и зеленило извршија целосно обновување на дрворедот и на зеленилото на улица Рузвелтова. Влегуваме со обновен и целосно заменет дрворед на црвени јасени кои се автентични растенија во скопската котлина и во самиот град Скопје” – информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

“На улицата Рузвелтова за првпат имаме обновен велосипедски, пешачки сообраќај со цел да се овозможи и алтернативен пристап до зоолошката градина која е една од најпосетените институции во нашиот град. Обезбедуваме нов квалитет на јавниот простор во нашиот град. Се обидуваме секаде каде е возможно да ги обновиме и замениме исечените дрва и да ги обновиме дрворедите. На средина сме на пролетниот дел од раззеленувањето на нашиот град и мислам дека зеленилото, тоа што го направивме изминативе три години го менува ликот на нашиот град” – рече Шилегов.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ се заблагодари за континуираната поддршка на Град Скопје за сите инфраструктурни зафати и порача дека ова место, кое претходно се користело за диво паркирање, полека пристапува кон целосно ослободување на тротоарите и давање слобода за пешаците и велосипедистите.