ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВАНОСКИ НА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ, БОЧВАРСКИ: ПОТПИШАВМЕ ДОГОВОР ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА МИЦЕ КОЗАР

0
177

“Со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска го потпишавме договорот за реконструкција на дел од улицата “Мице Козар”.

Улицата ќе биде реконструирана со средства од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, преку Проектот за поврзување на локални патишта.
Со тоа, уште една исклучително важна и фреквентна сообраќајница во нашиот град ќе добие нов, современ лик и ќе стане побезбедна за сите учесници на сообраќајот.”
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ