ГРАД СКОПЈЕ, СМАРТ АП И ЈП ДРИСЛА СЕ ДОБИТНИЦИ НА ИПА ПРОЕКТ ОД 800 000 ЕВРА ЗА СЛЕДНИТЕ 2 ГОДИНИ, ШИЛЕГОВ: ЌЕ УПРАВУВАМЕ И ЌЕ РЕЦИКЛИРАМЕ ГРАДЕЖЕН ОТПАД ВО НАШ ОПРЕМЕН РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР

0
1089

“Град Скопје, Смарт Ап (НВО во склоп на Скопје Лаб ) и ЈП Дрисла се добитници на ИПА Проект за Управување со градежен отпад и негова повторна употреба. Вкупната вредност на проектот 800 000 евра, а ќе се реализира 2 години.

Со оглед на фактот што градежниот сектор претставува значителен столб во целокупната економија, а на Скопје и Скопскиот плански регион му недостига модерен регионален центар за процесирање и рециклирање отпад, со воведувањето на циркуларни принципи токму во оваа гранка, ќе има огромно влијание врз индустрија. Според направените истражувања Северна Македонија генерира околу 1,95 милиони тони градежен отпад годишно.

Со проектот имаме за цел да ги детектираме и мониторираме неконтролираните депонии со помош на ГИС системи, а податоците кои ќе се генерираат ќе бидат дата база за инвентар и првични официјални информации за иницијално идентификување, дигитализирање и набљудување на градежниот отпад.

Предвидена е и набавка на соодветна механизација како дробилица за градежен отпад, камиони за транспорт и механизација за сортирање на различни видови на отпад.
Во конзорциумот на имплементатори на овој проект се вклучени и пионерите во воведувањето на циркуларна економија и рециклирање на отпад, Нова Горица од Словенија, државата која успешно ја спроведе стратегијата Нула Отпад. Градот Нова Горица ќе биде вклучен во сите процеси на развој и имплементација на овој проект, ќе биде добар пример и ќе му помогне на конзорциумот во реплицирање на проектот на локално ниво. Општината Нова Горица и РРА Северна Приморска ќе ги споделат нивните успешно имплементирани проекти, правните и економските аспекти и секако нивните препораки.
Со реализацијата на проектот се очекува да се зајакнат капацитетите на локалната власт во однос на обучен кадар во областа на циркуларните принципи и креирање на нови работни места кои ќе бидат пионери токму во оваа гранка, воведување циркуларна економија, намалување на бројот на нелегални депонии за градежен отпад и шут за 20%, како и намалување на градежниот отпад во целост за 30%.”
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ, ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ