ГО САКАМЕ ЗАПАДНИОТ БАЛКАН ВО ЕУ, ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР: СПРОВЕДУВАЈТЕ ГИ РЕФОРМИТЕ И ЌЕ БИДЕТЕ ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЕУ

0
1144

“Сите сакаме да го видиме отворањето на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави. Основите не се променети, заложбите од Солун се јасни и живи. Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, неговото минато, сегашност и иднина се поврзани со ЕУ и логично е дека неговата иднина е во ЕУ. Да не забораваме, тоа е стратешка цел и на ЕУ” – рече евроамбасадорот Дејвид Гир на првиот Скопски економски форум.

“Бидејќи секогаш повикуваме владите да ги решат проблемите билатерално, треба да ги признаеме и искрените напори, што беа направени во изминатиот период. Напредокот е направен, но работата мора да продолжи, што е можно побрзо и задачата сега ќе премине на словенечкото претседателство за придвижување и решавање на ова прашање со цел да се отворат преговорите што е можно побрзо” – изјави Гир.

“Патот кон ЕУ е пат на реформи и со нивното спроведување, прво Северна Македонија дополнително се приближува до ЕУ и второ, со самото отворање на преговорите секоја преземена реформа го прави патот кон целосно членство пократок” – резимираше Гир.