НОВИ ОБВИНУВАЊА ОД ВМРО-ДПМНЕ И ВЛАТКО ЃОРЧЕВ: Само Заев и Филипче се виновни за вакцините

0
1215

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во гостување во емисијата “Што не е јасно?” на тв Алфа повторно ги обвини Заев и Филипче за тоа што Македонија долго чека на вакцините. Притоа паушално тврдеше дека со ДПМНЕ на власт, досега би имало најмалку 200 илјади вакцини и над 100 илјади вакцинирани со прва доза. Поради ова смета дека ВМРО-ДПМНЕ лесно ќе победи на следните избори и плачливо побара од народот да им даде поддршка на избори со над 60 пратеници.