ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ООН, ГУТЕРЕШ ДОБИ ПОДДРШКА ЗА ВТОР МАНДАТ

0
937

Генералното собрание на ООН го поддржа актуелниот генерален секретар, Антонио Гутереш за втор петгодишен мандат. Новиот мандат на Гутереш почнува од 1 јануари 2022 година.

Прво Советот за безбедност на ООН на 8-ми јуни го поддржа Гутереш за втор мандат на оваа функција и му препорача на Генералното собрание кое има 193 членови, да го именува за челник на ООН за уште пет години.