ФИЛИПЧЕ УСПЕШНО МЕНАЏИРА СО ВАКЦИНАЦИЈАТА И ТОА НИ НОСИ ПРИДОБИВКИ НА СИТЕ: МАКЕДОНСКИТЕ СЕРТИФИКАТИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА СЕ ОФИЦИЈАЛНО ПРИЗНАЕНИ ОД ЕУ КАКО ВАЛИДНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕУ

0
800

Министерството за здравство објави дека Европската Комисија го прифати националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и ќе го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Со тоа сме прва земја во регионот за која сертификатите за Ковид-19 ќе се сметаат за валидни по автоматизам. Со одлуката на ЕУ, ќе се избегнат сите ограничувања за патувањата како тестирања или карантин.

Република Северна Македонија официјално ќе биде поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за Ковид-19 издаден од нашите власти под истите услови како и Дигиталниот сертификат на ЕУ. Имателите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и оние кои веќе имаат ЕУ дигитален сертификат за вакцинација.