СПОРЕД НАЈНОВИТЕ НАУЧНИ СОЗНАНИЈА, ФИЛИПЧЕ ОДЛУЧИ: ВАКЦИНАТА АСТРА ЗЕНЕКА САМО ЗА ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ

0
591

“Вакцината Астра Зенека во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години. За оние кои се вакцинираа во Србија изминатите недели, за втората доза ќе се чекаат нови препораки или ќе се вакцинираат со други вакцини” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

“По евалуацијата на сите несакани ефекти во форма на тромботични ефекти посебно кај млади луѓе, се излезе со две препораки: првата е дека тие несакани тромботични ефекти треба да влезат во упатството на самата вакцина и второ дека секоја држава треба да заземе став во однос на тоа како ќе се користи вакцината. Согласно тоа, по утринските консултации донесовме став вакцината Астра Зенека во нашата земја да не се дава на помлади лица од 60 години” – изјави министерот Филипче.

Тој оцени дека процесот на вакцинација во спортскиот центар “Борис Трајковски” се одвива одлично.

“Денеска се вакцинираат дел од здравствените работници и наставничките од прво до трето одделение. Утрово имавме консултација со членовите на работната група за имунизација, со повеќе директори на клиники во врска и со местата во болниците и со некои други актуелни прашања” – изјави Филипче.

Во врска со местата за хоспитализација, рече дека сосема доволен број кревети има во Скопје и ширум државата и веќе од вчера не се чувствува тој притисок како што беше до завчерашниот ден.